„Единственото нешто што му недостасува на Хари Кејн се трофеите“

од Vladimir Zorba
4,8K прегледи

Жозе Мурињо верува дека Хари Кејн ќе стане голгетер број 1 на Евро 2024. Португалскиот стручњак, кој го водеше капитенот на англиската репрезентација во Тотенхем во периодот од 2019 до 2021 година, верува дека единственото нешто што недостасува во играта и кариерата на Кејн се трофеите. Мурињо се уште инсистира дека ќе ги водел Спарс до победа во Купот доколку не добиел отказ.

Тој ја загуби работата во северен Лондон помалку од една недела пред Тотенхем да игра со Манчестер Сити во финалето на Лига купот на „Вембли“ во април 2021 година. Актуелниот тренер на Фенербахче се уште не го заборавил ова.

Кејн, кој ја освои „Златната копачка“ на Светското првенство во 2018 година, имаше силна сезона за Баерн Минхен и ќе бара силен настап за трите лава во германскиот шампионат.

„Кејн постигнуваше голови за Тотенхем во Англија и не се сомневав дека ќе го стори тоа за Баерн. Хари е фантастичен, комплетен играч кој постигнува голови од целиот терен, но не е себичен – тој асистира, длабоко се враќа назад, гради игра, притиска и учествува во одбраната. Единственото нешто што му недостига е да освојува трофеи, тој беше мој играч во Тотенхем и јас ќе освоев со него, но бев отпуштен шест дена пред финалето“, истакна Специјалниот.

Англија се смета за фаворит за освојување на својот прв голем трофеј по Светското првенство во 1966 година, а Кејн може да биде клучен за успехот.

„Не сакам да покажам непочитување кон претходните генерации што ги имавме, но во однос на длабочината на тимот и квалитетот, сега сме веројатно најдобри што некогаш сме биле и Португалија може да продолжи да победува. Се работи за самодоверба, верба дека можат да победат секого. Не сакам да кажам дека Португалија е најдобра репрезентација, но не се подобри Шпанија, Франција, Англија, Германија. Најголемиот проблем за еден тренер е да избере кој да игра бидејќи има двајца одлични десни бека, двајца одлични леви бека, двајца одлични позициски играчи за врска. Португалија ќе има силни играчи кои сигурно ќе бидат надвор од составот. На Франција и Германија секогаш им оди добро, Португалија и Англија се подобри од било кога. Не сум сигурен за Шпанија, но фудбалот што го играат и играчите што ги имаат се со највисок квалитет. Италија или Белгија би биле изненадување“, додаде Жозе Мурињо.

Слични содржини