Браќа со мачета и палки се заканувале во слаткарница во Битола

од Milan1
4,2K прегледи

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик.

На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата “Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи.

Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена.

Слични содржини