492
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина во 9 часот и 50 минути.
Земјотресот е регистриран во подрачјето на Мостар, на длабочина од 7 километри.
Епицентарот бил на 5 километри јужно од Широки Бријег, а граѓаните велат дека „добро“ тресел.
„Солидно се тресеше, кратко траеше“, „Краток, но силен земјотрес и силен татнеж“, „Убаво се чувствуваше“, „Кратко, но силно“, пишуваат граѓани од цела БиХ .