Млад си замина и синот на Пит Маравич

од Vladimir Zorba
2,7K прегледи

Синот на покојниот Пит Маравич, Џош, почина на 42-годишна возраст во својот дом во Луизијана. Трагичната вест ја соопшти тимот на Државниот универзитет во Луизијана, каде Маравич настапуваше од 2001 до 2005 година. Причината за шокантната смрт на поранешниот кошаркар не е откриена.

Како што знаете, неговиот татко Пит исто така почина рано на само 40 години. Пистол Пит беше еден од најголемите колеџ спортисти и сè уште е водечки стрелец во историјата на NCAA дивизија I.

Тој е и петкратен НБА Ол-стар, со просек од 24,2 поени, 4,2 скока и 5,4 асистенции, кои ги оствари во дресот на Атланта, Њу Орлеанс, Јута и Бостон.