Комшиќ: Сесрпскиот сабор дефинираше цели и политичко-верска платформа која се подготвува за нов конфликт

од Илинка Илиоска
477 прегледи

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ се осврна на декларацијата што беше усвоена на Сесрпскиот сабор што минатиот викенд се одржа во Белград.

„Декларацијата претставува подобрена и адаптирана, во согласност со актуелната геополитичка ситуација, политичко-верска платформа која треба да послужи како основа за собирање и подготовка за нов конфликт. Со оваа декларација „се дефинираат целите“, како и начинот на подготовка.

Особено агресивни се одредбите кои се однесуваат на Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора!

Секое потценување на оваа платформа е крајно опасно! На ист начин, се потцени значењето на Меморандумот на САНУ, а сите знаеме до што доведе!

Креаторите на декларацијата се подготвени да чекаат со години, додека некои нови геополитички околности не им овозможат да започнат насилно спроведување на проектот, од времето на Илија Гарашанин, големосрпскиот проект“, рече Комшиќ.

Слични содржини