НАЈГОЛЕМОТ ДЕЛ ОД ТРГОВИЈАТА ЛУЃЕ Е ПОВРЗАН СО ПРОСТИТУЦИЈАТА: Најголем дел од жртвите се од Германија, односно од Источна и Јужна Европа

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Германските власти треба построго да ги казнат шверцерите и трговците со луѓе, а на жртвите да им обезбедат повеликодушно обесштетување, велат експертите на Советот на Европа.

Најголем дел од трговијата со луѓе се уште е поврзан со проституција. Сепак, бројот на жртви на трудова експлоатација се зголемува, велат авторите на извештајот, повикувајќи се на истражување во месната индустрија и логистички работни места во индустријата за пијалаци.

Советот на Европа препозна некои позитивни промени за Германија од претходната анализа. Така, на пример, судството значително повеќе ги казнува трговците со луѓе. Сепак, судовите менуваат многу казни во условни, а судењата траат предолго.

Дополнително, експертите на Советот на Европа истакнаа дека надоместокот за жртвите е претерано мал.

Федералната криминалистичка служба (БКА) посочи дека истрагата во областа на трговијата со луѓе е генерално тешка и дека претпоставува дека поголемиот дел од оваа работа останува трајно во темнина.

Најголем дел од жртвите се од Германија, односно од Источна и Јужна Европа.

Трговците со луѓе често лажно им ветуваат на жртвите легални и добро платени работни места, а потоа ги принудуваат на проституција или експлоататорска работа.

Главна причина за трговијата со луѓе, оценува БКА, е безнадежноста и сиромаштијата на жртвите од една страна и побарувачката за проституција и евтина работна сила од друга страна.

Слични содржини