Роботска рака наскоро ќе точи гориво на пумпите

од Vladimir Zorba
41,2K прегледи

Роботска рака наскоро ќе точи гориво на бензинските пумпи во Обединетите Арапски Емирати.

Национална нафтена компанија започна пилот проект, а автоматизираната рака е дел од плановите за воведување на вештачка интелигенција во услужниот сектор, пренесе „Форбс“.

Со помош на сензори и камери, роботска рака допира до возилото, го отвора резервоарот и прикачува црево за гориво.

Механичката рака користи компјутерска технологија за брзо и прецизно, без излевање, полнење на горивото, што го забрзува сервисирањето, но и ја штити животната средина.

Слични содржини