Петровска: ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење, зашто на Ахмети му се брзаше час поскоро да гласа, иначе ќе им избегаше

од Milan1
2,7K прегледи

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, рече дека скандалозно е што системски закон со којшто се формираат нови министерства и се врши интервенција во надлежностите на постојните се донесе во скратена постапката, и со целосно исклучување на експертската јавност. Законот како што рече бил донесен толку брзо затоа што на Ахмети му се брзало.

– ДПМНЕ го предлага законот за сабајле, го гласа после полноќ, ја исклучува експертската јавност, остануваат глуви на коментарите на експертите и велат дека ова е реформски закон, што ќе ја спасува државата. Од ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање, за тоа дали ќе има нови вработувања, дали ова ќе значи делумно отпуштање на постојната администрација, ако тоа се прави по кои критериуми ќе се прави. ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење, зашто на Али Ахмети му се брзаше час поскоро да гласа, иначе ќе ви избегаше двотретинското мнозинство, рече Петровска.

Таа нагласи дека ДПМНЕ се обидува да направи премин од оние дијаметрално споритвни изјави кога жестоко беше критикуван ДУИ, кога лидерот во предизбнорната кампања ветуваше дека ДУИ заминува во опозиција, дека не треба да се факторизираат, дека се небитни дека се криминалци коишто треба да одат во затвор и да бидат осудени на криминал.

 

Слични содржини