Одбил 70 милиони од Лејкерси за да остане во колеџ кошарката

од Vladimir Zorba
3,4K прегледи

Ден Харли ја одби понудата на Лос Анџелес Лејкерс да стане нивни нов тренер.

Според американските медиуми, славниот тим од Градот на ангелите на Харли му понудил шестгодишен договор вреден 70 милиони долари.

Познатиот стручњак бил импресиониран од интересот на повеќекратниот НБА шампион, но решил да остане на чело на Универзитетот во Конектикат.

Харли ги води UConn Huskies од 2018 година, со кои освои две последователни титули на NCAA (2023, 2024).

Лејкерси му врачија отказ на тренерот Дарвин Хам откако беа елиминирани во првото коло од плејофот во НБА лигата. Под водство на Хам во последните две сезони во лигата, Лејкерси имаа сооднос победи-порази 90-74 и во двете сезони стигнаа до плеј-офот преку плеј-ин турнирот.

Слични содржини