Најголемиот германски увозник на гас Uniper денеска соопшти дека донел одлука да ги раскине долгорочните договори за набавка на руски гас со „Газпром експорт“ по позитивната одлука во арбитражната постапка.
Извршниот директор на Uniper, Мајкл Луис, верува дека одлуката на арбитражата во Стокхолм обезбедува „правна јасност“ за неговата компанија.
„Со правото на раскинување, кое го добивме во арбитражната пресуда, ги раскинуваме договорите со Газпром експорт. Потврдена е и правната позиција на Uniper во однос на компензацијата. Сите износи ќе бидат испратени до германската сојузна влада“, рече генералниот директор во соопштение.
Uniper ќе треба да плати над 13 милијарди евра обештетување на руската страна за раскинувањето на договорот што требаше да важи до 2035 година, пренесе Комерсант.
Австриската енергетска компанија ОМВ во мај објави дека поради одлуката на европските судови повеќе нема да може директно да плаќа гас директно на компанијата Газпром експорт и предупреди дека руската компанија поради ова може целосно да го прекине снабдувањето.
На 29 мај, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави прогноза во која се претпоставува дека европските земји постепено целосно ќе ги напуштат руските фосилни горива до 2030 година.