3,2K
Популарниот новинар и навивач на Арсенал, Пирс Морган, иронично реагираше на одлуката на Манчестер Јунајтед да го задржи менаџерот Ерик тен Хаг и следната сезона.
„Брилијантно!“ напиша Морган на социјалните мрежи, додавајќи неколку смешни емотикони на објавата.
Во вторникот вечерта се појави веста дека Тен Хаг останува на чело на „црвените ѓаволи“ по неколку состаноци на раководството.
Тен Хаг е менаџер на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година.
Тимот минатата сезона заврши на осмото место во Премиер лигата, но го освои ФА Купот откако го победи градскиот ривал Манчестер Сити и тоа во голема мера го спаси Холанѓанецот од отказ, кој во еден момент изгледаше неизбежно.