Баерн потроши 30 милиони евра за Јапонец од Штутгарт

од Vladimir Zorba
3,K прегледи

Хироки Ито ќе биде најновиот дефанзивец на Баерн Минхен, открива авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо. Тој во главниот град на Баварија ќе пристигне од Штутгарт.

Договорот на Јапонецот ќе биде на 5 години и сега претстојат задолжителни лекарски прегледи. Германскиот колос ја активираше откупната клаузула на 25-годишниот централен дефанзивец, која изнесува 30 мил.

Минатата сезона Ито настапи на 29 натпревари во сите натпреварувања. Во нив направи две асистенции и доби два жолти картони за 2.502 минути на теренот за Швабите, пресмета германски Фокус.

Во исто време, тимот од Минхен продолжува да преговара за Џонатан Та од Баер Леверкузен.