3,1K
Фабијан Херцелер е новиот тренер на Брајтон.
Германскиот стручњак кој има само 31 година ќе го наследи Де Зерби на клупата и ќе биде најмладиот тренер во Премиер лигата.
Минатата сезона Херцелер седеше на клупата на Сент Паули и успеа да го одведе тимот од Хамбург во Бундеслигата.
Тој долго време фигурираше како еден од главните кандидати за тренер на Баерн, а кога тоа пропадна, постигна договор со Брајтон.
Останува само клубовите да се договорат за обештетувањето и целата приказна да се официјализира.