🎥Град со формата на корона вирус паѓаше во Србија: Граѓаните се чудат

од Илинка Илиоска
750 прегледи

Србија денеска беше погодена од силно невреме проследено со дожд, силен ветар и во некои делови со силни врнежи од град. Суперклеточното невреме со град и обилни врнежи со грмежи ги зафатија областите на Љиг, Пожаревац и делови од Шумадија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Невремето го погоди и градот Чачак и неговата околина, Краљево како и околината на Ужице и на Пожега.

„Во делови на Чачак од најсилниот облак денеска се забележани големи зрна град! Невремето се движи од околината на Краљево кон исток и североисток. Урагански ветрови и град со пречник до 10 сантиметри, во потесното подрачје, можни се и во наредните часови“ – предупредија од метереолошката компанија Хаилц Србија.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии од невремето кое денеска ја зафати западна Србија. Особено внимание предизвика необичниот облик на големите парчиња град со необичен облик кој потсетува на формата на корона вирусот.

 

Слични содржини