Трамп се сретна со републиканците во Капитол: Веруваме дека поново ќе ги освоиме Белата куќа и Сенатот

од Milan1
366 прегледи

Поранешниот претседател на Соединетите Држави Доналд Трамп се сретна на Капитол Хил со републикански претставници, што е негова прва посета на Капитол по немирите предизвикани од неговите приврзаници на 6 јануари 2021 година со упад во Конгресот.

Трамп, републиканскиот кандидат на претседателските избори во ноември, пренесе порака за единство, ветувајќи дека ќе ги „коригира“ сите постоечки разлики во партијата, пренесува „Танјуг“.

Кога пристигна во канцеларијата на републиканците во близина на зградата на американскиот Капитол, помина покрај група демонстранти кои држеа натписи со пароли „Пучот не успеа“ и „Демократија засекогаш, Трамп никогаш“.

На кратката прес-конференција, Трамп рече дека постои „големо единство“ во Републиканската партија и вети дека ќе застане со колегите републиканци, дури и со оние со кои не се согласува.

„Враќање на местото на злосторството“

По средбата меѓу Трамп и републиканците во Претставничкиот дом, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека поранешниот претседател „донел извонредна количина енергија и ентузијазам“.

„Веруваме дека ќе ги вратиме Белата куќа и Сенатот и ќе го зголемиме мнозинството во Претставничкиот дом“, рече Џонсон.

Посетата на Трамп беше поздравена од други републиканци, вклучувајќи го и лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, кој го критикуваше поранешниот претседател во минатото.

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси оцени дека Трамп е „поттикнувач на бунт, кој се враќа на местото на злосторството“.

На 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во Капитол, сакајќи да го спречат прогласувањето на изборната победа на Џозеф Бајден, откако Трамп, кој беше противник на Бајден, тврдеше дека изборите се украдени.

Слични содржини