3,7K
На 16.06.2024 во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети, соопшти МВР.
Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.