„Новиот состав на комисијата за проширување ќе мора да се занимава со проширувањето. Се прави притисок на ниво на ЕУ да се вклучат средства за одредено проширување. Ако се случи истото во следната финансиска рамка на ЕУ, веќе би требало да се дискутира. Таму се планираат работите однапред“ рече директорката на Институтот за европска политика – ЕПИ, Симонида Кацарска во утринската програма на Слободен печат.
Таа додаде дека примарен фокус на новата Комисија ќе биде Украина. „Искуството од Европските интеграции покажало дека не треба комесарот да навива колку што самиот директорат треба да даде поддршка на државите коишто се во пристапувањето“, рече Кацарска.
Таа додаде дека за нашата земја е важно комисијата низ директоратот да не гледа низ призмата на тие држави коишто потенцијално во наредните 7 до 10 години би имале капацитет да се носат со обврските од членството. „Како држава кандидат којашто долго време чека, го немаме луксузот да не ги одржуваме односите со државите членки или пак со оние држави членки коишто ни се соседи. Тоа апсолутно нема никому да помогне во контекст на европската интеграција“, заклучи Кацарска.