Кацарска: Вклучувањето на билатералните прашања во преговарачката рамка „ќе го убие“ процесот на проширување

од Nikola Popovski

Очигледно е дека има акомодирање на дел од бугарските барања во различни формати. Сепак уште нема официјално доставено за да можеме да заклучиме, вели Симонида Кацарска од Институтот за европска политика во однос на предлогот на француското претседателство за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Кацарска смета дека ние имаме неколку форми на преседани.

-Вклучување на билатералните прашања во преговарачката рамка ќе биде преседан, кој што ќе го убие процесот на проширување што го познаваме. Вакви форми на забелешки можеме да очекуваме од сите земји од регионот кон сите земји од регионот. Ова ако еднаш се дозволи, ќе биде Пандорина кутија. Не можеме да очекуваме дека другите ќе не спасат, мораме да бидеме гласни во однос на тоа кои се аспектите на овој предлог, што не ни одговораат. Апсолутно вклучувањето на правата на малцинствата, со дополнителен Акциски план, креираат многу форми на барања кои не се во доменот на дејствувањето на ЕУ. Еднаш кога ќе го направите ова, ќе има ефект врз сите други земји, рече Кацарска во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини