Деведесет отсто од сите Aston Martin возила се уште се на пат

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Компанијата Aston Martin, која минатата година прослави 110-годишнина, гордо истакнува дека дури 90 отсто од произведените возила на Астон Мартин се уште се на пат.

Оваа статистика, откриена од шефот за стратегија за производи и пазар Алекс Лонг на настан во Њујорк, претставува околу 110.000 автомобили произведени од основањето на компанијата во 1913 година.

„Ние сервисираме неверојатна количина на автомобили кај големите дилери затоа што луѓето сакаат да ја заштитат вредноста на нивните автомобили и да ги сервисираат кај големите агенти“, додаде Лонг. „Почнувате да ги гледате VIN броевите во системот што мислевте дека никогаш нема да ги видите и можете да ги сумирате тие податоци“.

Процентот е јасен показател за длабоката страст што сопствениците и ентузијастите ја имаат за брендот Aston Martin. Тоа е повеќе дури и од Mercedes G класата, од кои 80 проценти се уште се на пат денес.

„Емоциите дефинитивно играат улога“, вели директорот за комуникации Кевин Вотерс. „Има автомобили кои понекогаш се економски неисплатливи да се обноват, но луѓето го прават тоа од чиста љубов“.

Слични содржини