429
Три лица се повредени, од кои едното е хоспитализирано, кога маж вооружен со нож нападнал шест лица на бензинска пумпа во Прага, соопшти чешката полиција.
„Педесет и двегодишен маж нападна шест лица на бензинска пумпа на улицата „Аргентинска“ во Прашката област 7. Две лица се здобиле со површни повреди и им била укажана помош на лице место“, се вели во соопштението.
Истиот извор наведува дека уште едно лице се здобило со повреди во горниот дел од телото и било пренесено во болница.
– Станува збор за маж и неговиот живот не е во опасност, се вели во соопштението.
Напаѓачот е приведен, а причините за насилството се утврдуваат.