355
Холандските власти запленија околу 3.600 килограми кокаин скриен во пратка со банани во малиот пристанишен град Влисинген, јави ДПА. Вредноста на дрогата е околу 270 милиони евра, соопшти обвинителството. Тие биле откриени при рутинска проверка во пратка со банани од Еквадор наменета за Германија.
Властите соопштија дека е уапсен 27-годишен осомничен. Тоа е најголемата заплена на кокаин во Влисинген досега оваа година. Во мај беше запленета уште една пратка банани од Еквадор со речиси 500 килограми во вредност од околу 37 милиони евра