Седум млади луѓе загинаа, а уште двајца се повредени ноќта меѓу средата кон четвртокот на плоштадот во Висоза до Сеара, во бразилската држава Сеара на североистокот на земјата, соопштија локалните власти. Властите се обидуваат да го откријат мотивот на извршителите на масакрот, што доведе до егзекуција.
Според локалната телевизија Вердес Марез, масакрот се случил околу 03:00 часот по локално време во градот со речиси 60.000 жители, на околу 350 километри западно од Форталеза.
Жртвите биле во кафеана на плоштад во центарот на градот кога напаѓачите пристигнале со автомобили.
На снимката од безбедносните камери, емитувана од локалната телевизија, се гледа дека жртвите биле доведени до местото на масакрот, со рацете на главите и наредени рамо до рамо, пред да бидат убиени.
Гувернерот на државата Сеара, Елману зи Фреитас, преку објава на платформата Икс, истакна дека криминалците вклучени во масовното убивање „ќе бидат пронајдени и уапсени, еден по еден, да одговараат пред правдата“ за ова „злосторство“.
Во 2021 година, четворица членови на исто семејство беа убиени во нивниот дом во Висоза до Сеара.
Сеара, една од најсиромашните бразилски покраини, е меѓу најзафатените од насилство.
Стапката на убиства таму достигнува 35,5 на 100.000 жители, многу повисока од националната стапка (23,4/100.000), според најновите податоци објавени од невладината организација Бразилски Форум за јавна безбедност (FBSP), кои датираат од 2022 година.
Uma chacina na cidade de Viçosa do Ceará, deixou sete motos e dois feridos. #BrasilUrgente #Bandjornalismo pic.twitter.com/DcozamG5dt
— Brasil Urgente (@brasilurgente) June 20, 2024