„Знам дека понекогаш e тешко да ме сакате“: Џастин Тимберлејк настапи за прв пат по излегувањето од притвор

од Nikola Popovski
12,2K прегледи

Пејачот Џастин Тимберлејк неодамна беше приведен од американската полиција поради возење во пијана состојба. Набрзо бил ослободен, а во петокот вечерта го одржал првиот настап по излегувањето од притвор.

Џастин пеешл на Лонг Ајленд, а за време на краткиот говор што го одржал пред да ја отпее песната „Selfish“, на публиката ѝ кажал дека имал „тешка недела“.

„Знам дека понекогаш е тешко да ме сакате, но вие продолжувате да ме сакате и јас ве сакам вас“, додал тој, наведува „People“.

Пејачот на публиката ѝ порачал дека „пресудата е донесена“ и дека ова е „најдобрата публика на оваа турнеја“.

Колку за потсетување, тамошната полиција го запрела пејачот откако со својот автомобил поминал на знакот „Стоп“, недалеку од хотелот во кој престојувал со пријателите.

Полицијата потоа почнала да го следи неговото возило и било забележливо дека пејачот не можел да вози по својата лента. Полицијата го запрела Џастин на раскрсница и веднаш било јасно дека е видно алкохолизиран, пренесува „TMZ“.

„Испив едно мартини и ги следев моите пријатели дома“, наводно ѝ рекол пејачот на полицијата, судејќи по извештајот до кој дошле споменатите медиуми.

Тимберлејк бил ослободен и бил фотографиран во придружба на неговиот адвокат. Против него е поднесена кривична пријава дека возел под дејство на алкохол, поминал на знакот „Стоп“ и не возел да управува со возилото во својата лента.

Пејачот ќе треба да се појави на суд на 26 јули.

Слични содржини