САД наредија затворање на руските визни центри во Вашингтон и Њујорк

од Nikola Popovski
310 прегледи

Американските власти ги информираа руските дипломати во Америка дека филијалите на визните центри во Вашингтон и Њујорк се затвораат, но конзуларната поддршка ќе продолжи и покрај зголемениот обем на работа, изјавил пред новинарите амбасадорот во САД, Анатолиј Антонов.

„Нѐ напаѓаат секој ден, а Американците денеска пред еден час ни испратија известување дека визните центри се затвораат и дека сега дополнителниот товар паѓа на рамениците на руските дипломати и конзули“, изјавил рускиот дипломат по церемонија на комеморација на годишнината од почетокот на Големата патриотска војна, пренесува РИА Новости.

Во исто време, Антонов истакнал дека американската страна не ги објаснила причините за ваквата одлука и дека Русија се уште не најавила можни одмазднички мерки.

Дипломатот објаснил дека САД немаат такви проблеми во Русија, во нивните два генерални конзулати.

„Ова е сериозен дополнителен товар за нас со оглед на фактот дека луѓето во нашите генерални конзулати во Хјустон и Њујорк се исцрпени“, рекол тој, уверувајќи дека руската амбасада ќе направи се за да им ги обезбеди на своите сонародници потребните правни и конзуларни услуги.

Како што нагласил рускиот дипломат, САД со сите сили се обидуваат да ја сменат руската надворешна политика и да ги принудат дипломатите „да се кријат зад ѕидовите на амбасадата“.

„Тоа нема да се случи. Се додека е тука последниот руски дипломат, ние ќе ги извршуваме нашите задачи и инструкциите што ги добиваме од Москва“, ветил Антонов.

Слични содржини