Маск најавува: Роботот „Optimus“ може да биде учител, придружник и дадилка

од Nikola Popovski
5,9K прегледи

Директорот на „Tesla“ и „SpaceX“ Илон Маск уште еднаш даде храбри изјави за роботот на „Tesla“ – Optimus. Порача дека роботите ќе ја зголемат вредноста на „Tesla“ на 25 билиони и дека илјадници од нив ќе работат во фабриките на оваа компанија до следната година.

Тој исто така навести дека „Optimus“ не само што ќе служи како практичен робот, туку ќе стане придружник, дури и дадилка.

Најновиот модел на „Tesla“ роботот „Optimus“ ја носи ознаката Gen 2 и доби неколку подобрувања во споредба со претходната верзија. Тие подобрувања вклучуваат раце со 22 степени на слобода, кои му овозможуваат на роботот да изведува различни вешти дејства. Сето ова е демонстрирано во неколку видеа.

Сепак, тврдењата на Маск секогаш треба да се земат со резерва, барем така налага искуството. Меѓу другото, во 2021 година тој тврдеше дека Тесла ќе има целосно самоуправувачки автономни возила на ниво 5 до крајот на годината. на ракетата Фалкон 9.

„Optimus“ има некаква функционалност на модел на голем јазик (LLM) како ChatGPT за да може да разговара со сопственикот. Ова е во согласност со целокупната визија на Маск да ги направи технологиите на „научна фантастика“ попристапни. Сепак, идејата дека „Optimus“ може да стане човечки придружник во блиска иднина изгледа тешко да се спроведе.

Маск зборуваше за „Optimus“ за време на годишното собрание на акционери во Остин, Тексас.

-Тоа е ваш придружник, може да биде во вашиот дом, да ги чува вашите деца, но и да биде учител. Може да работи и фабрички работи. Мислам дека секој во светот ќе сака да има еден, буквално секој”, рекол Маск.

Маск е познат по тоа што е отворен и контроверзен на неговата платформа X. Тој во минатото изјавуваше дека верува дека на возрасните без деца треба да им се одземе правото на глас. Тој отворено зборуваше за падот на наталитетот, кој го нарече најголемата опасност со која се соочува цивилизацијата.

Слични содржини