Снопче: Владата на ДУИ ја направи Македонија најкорумпирана земја во Европа

од Nikola Popovski
3,K прегледи

Пратеникот на ВЛЕН, Халил Снопче, на денешната седница во Собранието, преку реплика до пратеникот Скендер Реџепи-Зејд порача дека ДУИ треба да одговори на повеќе прашања, меѓу кои и зошто не биле ослободени политичките затвореници, како и формулацијата „20 проценти“ во Уставот да се замени со „албански јазик“.

Пратеникот додал дека Македонија била меѓу најкорумпираните земји и со најлоши демократски параметри за време на владењеето на ДУИ.

„Дали зборувате во името на тој што нема соодветна застапеност или во името на тој што побарал само со 4 министри и без претседател на парламентот да влезе во Влада или зборувате врз основа на тој што го поддржа законот на Артан Груби за казина. Вашите партнери господине Реџепи мора да дадат одговори на многу работи, па оттаму ДУИ треба да одговори зошто во периодот на власт 2020-2024 не ослободија ниту еден политички затвореник – единствениот што го ослободивте беше Никола Груевски и зошто се откажаа од законот за 20 проценти“, рекол меѓу другото Снопче.

Слични содржини