Тејлор Свифт настапи во Лондон во рамките на нејзината концертна турнеја, а принцот Вилијам и неговите деца присуствуваа на концертот.
Британскиот принц Вилијам беше фотографиран со светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и неговите деца Шарлот и Џорџ на првата вечер од турнејата Ерас во Лондон.
На социјалната мрежа „Икс“ беше објавена фотографија од принцот и најпопуларната пејачка во светот со натпис: „Благодарам Тејлор Свифт за одличната ноќ!“
Оваа фотографија го овековечи моментот кога сите заедно позираат насмеани, додека Тејлор Свифт направила селфи.
Принцот Вилијам во петокот, на денот на концертот, го прослави својот 42 роденден.
Свифт исто така ја сподели фотографијата со принцот Вилијам, принцезата Шарлот, принцот Џорџ и нејзиниот партнер Тревис Келси.
Happy Bday M8! London shows are off to a splendid start 🇬🇧🇺🇸🤝 @KensingtonRoyal pic.twitter.com/VlD6V0PiEL
— Taylor Swift (@taylorswift13) June 22, 2024
„Среќен роденден М8! Лондон се покажа како одличен почеток“, напиша Тејлор Свифт.
М8 алудира на англискиот термин за другар (mate).