Ретко е актер да одбие примамлива понуда, но популарниот Мет Дејмон го направил токму тоа.
Тој одбил да стане најплатен актер за улога во најголемиот филм на сите времиња. Се работело за „Аватар“, на Дејмон му биле понудени десет проценти од добивката од Џејмс Камерон, но тој одбил.
„Тогаш работев на постпродукција на „The Bourne Ultimatum“, па го одбив“, вели Мет.
Ако се земе предвид конечната заработка на филмот и доколку Дејмон се согласеше да се појави во улогата која на крајот му припадна на Сем Вортингтон, ќе заработеше околу 250 милиони долари.
„Ги оставив тие пари на маса, но ми беше јасно дека со тоа што морав да кажам не, веројатно ја пропуштив можноста некогаш да работам со него (Камерон). Ми беше тешко и се уште жалам за таа одлука”, рекол актерот.