4,5K
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово вчера ја лишиле од слобода С.М.(50) од Тетово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка и пари.
Како што информира денеска МВР, С.М. била приведена во полициска станица, додека нејзиниот син Б.М.(21) го напуштил местото.
– По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од МВР.