Крмов: ЗНАМ ги прибира истрошените и корумпирани кадри на СДСМ

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

На седницата за изборот на новата влада, пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов ѝ реплицираше на својата колешка Весна Бендевска од ЗНАМ.

-Мене ми е многу мило што во третата дискусија се осмеливте да земете збор како пратеничка група. Првите две дискусии ги скокнавте. Околу пратеникот Ковачевски, ние не прибираме стари, истрошени и корумпирани кадри како вие што прибирате, но и ќе го прибереме гласачкото тело, и ваше и на СДСМ, кажа Крмов од говорницата.

Бендевска на вчерашната седница се обиде да го поистовети екс-лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски со Левица.

Пратеничката од ЗНАМ претходно ѝ се обрати и на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ.

-Го познавате ли Драги Рашковски, освен што сте му верни до гроб на вашиот политички газда, Зоран Заев. Вие бевте дел од најнеуспешната, најкриминогената и најантинародната влада предводена од Димитар Ковачевски, односно од Зоран Заев, односно од Артан Груби, рече Бендевска.

Слични содржини