Најавени 2025 Volkswagen Jetta и Jetta GLI

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Volkswagen потврди дека обновената Jetta (и Jetta GLI) ќе има премиера кон крајот на овој месец.

Поточно, тоа ќе се случи на 25 јуни, додека 2025 Jetta и Jetta GLI се очекуваат кај американските дилери до крајот на третиот квартал.

Сликата ја прикажува Jetta GLI, која добива нов преден браник и саќе детали.

Во претходните најави се споменува дека моделот ќе има тенка решетка со осветлени долни калапи. Ним ќе им се придружат нови светла и модернизиран ентериер (со ревидирана контролна табла и нов инфозабавен систем).

Засега не се знае дали ќе има промени во палетата на мотори. Актуелната Jetta има 1,5-литарски четирицилиндричен турбо мотор со 118 kW/160 КС и 249 Nm вртежен момент, додека GLI е придвижуван од 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор со 170 kW/231 КС и 349 Nm вртежен момент.

Слични содржини