782
Утрово во просториите на Министерството за финансии се изврши свеченото примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска седна на местото на досегашниот министер за финансии, Фатмир Бесими.
-Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата. За тебе, за Македонија! Почнуваме, објави новата министерка на социјалните мрежи.
Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера. Министерката е воедно и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.