Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара актуелниот американски претседател Џозеф Бајден да биде подложен на стимулативен тест пред првата претседателска дебата во четврток на „Си-Ен-Ен“.
„Тест на лекови за нечесниот Бајден. И јас одма би се согласил на еден“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social” откако тој и неговите сојузници постојано сугерираа дека Бајден (81) ќе биде под лекови за време на форумот во Атланта, објави Њујорк пост.
Бајден е во изолација од минатата недела во претседателскиот центар во Кемп Дејвид во западен Мериленд, што предизвика мрачни сугестии од републиканските кругови за тоа што може да вклучува подготовката за дебата на актуелниот претседател.