NETFLIX сега продава и пуканки.
Стримерот се здружува со компанијата за пуканки Popcorn Indiana за нова линија на закуски на Netflix наречена Now Popping. Двата вкуса кои ќе се најдат во линијата се Cult Classic Cheddar Kettle и Swoonworthy Cinnamon Kettle. Пуканките на Netflix, како што е познато засега, ќе бидат достапни во Walmart во САД, а сè уште нема информации за нивната достапност во Европа.
Торба од 225 грама Netflix Now Popping ќе чини 4,49 долари, што е 4,19 евра. Ова значи дека ако купите по еден, ќе плаќате повеќе од месечна претплата на Netflix (што чини 6,99 долари месечно во САД).
Netflix веројатно не очекува наеднаш да почне да заработува многу со продажба на грицки, пишуваат американските медиуми – напротив, поважен дел од се е да го претстават својот бренд пред клиентите и тоа на илјадници продажни места.
Исто така, Now Popping на Netflix не е нивно прво поврзување со храна. Во 2020 година, тие ги здружија силите со Ben & Jerry’s сладоледите и претставија Netflix & Chilll’d сладолед од путер од кикирики со слатки и солени переци и парчиња чоколадни колачиња.