БОГ ГИ УНИШТУВА ПРЕДАВНИЦИТЕ Татко на албански репрезентативец жестоко го нападна Силвињо: „Му го украде сонот“

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Таткото на Ардијан Исмајили, Илми Исмајили, жестоко реагираше на тоа што неговиот син не одигра ниту една минута за албанската репрезентација на Европското првенство во Германија.

Албанија го заврши натпреварувањето на ЕУРО по групната фаза со еден освоен бод, во конкуренција на фудбалски велесили како Италија, Шпанија и Хрватска.

Тренерот Силвињо им даде шанса на повеќето играчи, но меѓу нив го немаше Исмајили, чие отсуство од теренот многу влијаеше на неговиот татко. Толку многу што почувствува потреба преку социјалните мрежи да го нападне селекторот на репрезентацијата.

„Телеграфи“ ги објави зборовите на таткото на Ардијан објавени на „Фејсбук“, во кои тој упатува сериозни обвинувања и посочува дека „Бог ќе ги уништи сите што му го згаснале сонот“.

„Ардијан,

Биди упорен и силен пред оваа неправда, пред ова предавство, да се гордееш со се што си да за Нацијата, затоа што имаме обврска!

Бог ги уништува сите оние кои му го украдоа детскиот сон, кој ми го кажа…

Неверниците, предавниците, се обидоа да го спречат сонцето да сјае, но кутрите не разбраа дека сонцето може да го спречи само Неговиот Творец!

Бог ги уништува тие што прават неверство, те предаваат затоа што многу веруваше…

Биди спокоен бидејќи те чекаат светли денови и голема кариера, многу е блиску… – напишал незадоволниот татко на фудбалерот.

Албанија го освои единствениот бод во дуелот од второто коло со Хрватска (2:2), додека во првиот меч по пресврт беше поразена од Италија (2:1), а во последниот загуби минимално од Шпанија (1:0).

Слични содржини