150
Полицијата извести дека денеска во 3.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во возило „киа“ сопственост на П.В.(77) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и две други патнички возила, „шевролет“ сопственост на М.С.(40) и „пежо“ сопственост на М.О.(49), двете од Скопје.
Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.