Три партии не ги спровеле препораките на ДЗР

од Nikola Popovski
126 прегледи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги спровеле во целост дадените препораки на Државниот завод за ревизија за отстранување на недостатоците во нивното работење во 2021 година. Единствена партија која го исполнила препорачаното е „Алтернатива“, покажа извршената ревизија на ДЗР направена во декември минатата година. Ревизијата покажала дека ДУИ, спротивно на законот, наплаќала членарина поголема од дозволениот износ, односно повеќе од една исплатена просечна нето-плата.

Ревизорите и препорачуваат на СДСМ да го доуреди начинот на прибирање, уплата и известување за поединечните износи на пари по основ од членарина, заради потврдување дека поединечните износи на членарина се во рамките на законски утврдениот лимит.

Во однос на ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите утврдиле дека во конечниот извештај дадена e една препорака и таа не е спроведена. Препораката се однесува за соодветно прикажување на имотот кој го поседува партијата.

Слични содржини