Ултра-обработената храна УПФ (UPF) ја заменува здравата исхрана ширум светот и покрај зголемените докази за ризиците што таа ги носи и треба да се продава со предупредувања исто како и тутунот, вели нутриционистичкиот научник, професорот Карлос Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло.
Тој ја истакна зголемената опасност од УПФ присутна кај децата и возрасните на Меѓународниот конгрес за дебелина оваа недела.
„Ултра обработената храна го зголемуваат својот удел и доминацијата во глобалната исхрана и покрај ризикот што го претставува за здравјето во смисла на зголемување на ризикот од повеќе хронични болести“, изјави Монтеиро за Гардијан пред конференцијата во Сао Паоло.
„УПФ ја менува поздравата, помалку преработена храна низ целиот свет и со тоа предизвикуваа влошување ка квалитетот на исхраната. Овие намирници ја поттикнуваат пандемијата на дебелина и други хронични болести поврзани со исхраната, како например дијабетесот“, додаде тој.
Ова предупредување доаѓа во услови на брзо растечка глобална потрошувачка на УПФ, како што се житарици, газирани пијалоци, готови оброци и брза храна.
Во Велика Британија и САД, повеќе од половина од просечната исхрана сега се состои од ултра-обработена храна. За некои, особено луѓето кои се помлади и посиромашни, УПФ учествува со 80 проценти од нивната исхрана.
Според едно истражување спроведено во февруари оваа храна е поврзана со 32 заболувања вклучително и поголем ризик од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2, негативно ментално здравје и рана смрт.