13
Германската тјунинг компанија Mansory за ова лето подготви уште едно модифицирано Ferrari F8 Spider, сега во комбинација на црна и тиркизна боја.
Овој F8XX Spider доби екстериер со елементи од јаглеродни влакна (преден спојлер, отвори за воздух, странични прегради, заден спојлер, заден дифузер…), како и тркала од 21 и 22 инчи, модифицирана суспензија, нов издувен систем и префинет кожен ентериер во тиркизна боја со детали од карбонски влакна.
Во фабричката верзија, 3,9 литарскиот V8 твин-турбо мотор развива 720 КС и 770 Nm вртежен момент, додека во оваа Mansory верзија е засилен на 880 КС и 960 Nm.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,6 секунди, а максималната брзина е 354 km/h.