Кенеди помладиот: Американците се уморни од изборот на помалото од двете зла

од Milan1
78 прегледи

Независниот кандидат за претседател на САД Роберт Ф. Кенеди помладиот рече дека верува оти настапите на претседателот Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп во претседателската дебата на Си-Ен-Ен ќе остават многу Американци во депресија.

Кенеди оценил и дека гласачите кои ја следеле дебатата меѓу Трамп и Бајден сега можат посериозно да ја разгледаат неговата кандидатура, пренесува Си-Ен-Ен.

„Мислам дека дебатата беше депресивна. Имаме брилијантни, брилијантни луѓе во оваа земја, и големи иноватори и мислители, и беше некако депресивно. Дали е ова навистина најдоброто што можеме да го смислиме“, праша Кенеди.

Кенеди повтори дека повеќето Американци не сакаат да видат повторување на претседателските избори во 2020 година.

Во исто време, додека траеше дебатата, Кенеди зборуваше во живо на платформата Х и одговори на истите прашања што им беа поставени на Трамп и Бајден, пренесува АП.

Тој го нарече настанот „вистинска дебата“, велејќи дека е важен бидејќи граѓаните на САД чувствуваат дека системот е наместен.

„Токму тоа е вид на спојување на државната и корпоративната моќ против која се борам“, рече Кенеди.

Кенеди рече дека не може да победи доколку гласачите не знаат дека се кандидира и не веруваат дека може да ги победи Бајден и Трамп.

Слични содржини