Брауни е познат десерт, омилен на многумина, кој е совршен во секое време од годината. Единствената разлика е во тоа што со овие летни денови можете да го „надградите“ рецептот и совршениот вкус на оваа чоколадна торта со топка сладолед по избор.
Состојки:
* 300 гр чоколадо
* чаша стопен путер
* 2 јајца
* чаша брашно
* чаша какао во прав
* половина чаша шеќер во прав
* кесичка ванилин шеќер
* малку сол
* малку брусница или суво грозје
Подготовка:
Истурете го растопениот путер во сад за матење и додадете шеќер.
Измешајте и додадете ванилин шеќер и јајца.
Растопете половина од чоколадото и додадете го во садот.
Соединете ги сите состојки.
Додека се меша постепено се додава брашното, па какаото и солта.
Во смесата додадете го остатокот од чоколадото и измешајте. По желба наместо ова чоколадо можете да додадете бело чоколадо.
Ако сакате, можете да додадете малку суво грозје или брусница во смесата сега или да ја зачувате за декорација подоцна.
Се ставаат во сад обложен со хартија за печење.
Брауни се пече 15 минути на 200 степени, поточно додека не се стврдне кората.
Исечете и послужете со топка сладолед.
Пријатно!