Притвор од месец дена за косовски Србин, поранешен полицаец, осомничен за шпионажа во корист на Србија

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на поранешниот припадник на Полицијата на Косово, Александар Влајиќ, осомничен за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“.

Судија на претходна постапка го одобри барањето на Специјалното обвинителство на Република Косово за определување мерка притвор против обвинетиот А.В.

„Судот оцени дека се исполнети условите за определување притвор, бидејќи доколку обвинетиот А.В. на овој начин може да го попречи текот на кривичната постапка“, се наведува во соопштението.

Против оваа одлука, незадоволните имаат право на жалба до Апелациониот суд, преку Основниот суд во Приштина.