Чупеска: Претседателката треба треба да даде поопширно образложение за разрешувањето на Муслиу

од Илинка Илиоска
980 прегледи

По одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денес го разреши досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, без да соопшти детали зошто е разрешен додека му трае мандатот и според новиот закон може да биде заменет само доколку направи прекршувања, професорката по политички науки, Ана Чупеска, за Локално.мк изјави дека претседателката, односно нејзиниот кабинет, треба подетално да ја информираат јавноста.

„Според ова што го имаме како расположлива јавна информација, убедена сум дека претседателката и нејзиниот кабинет треба да дадат поопширно образложение за јавноста. Особено во контекст на законот, добро е да се знае основот врз основа на кој се случило разрешувањето, т.е. новото именување. Во недостаток на поголема транспарентност може само да шпекулираме, а со тоа не се штити јавниот интерес,“ изјави Чупеска за Локално.мк.

Муслиу вечерва за Локално.мк изјави дека е очигледно дека претседателката попуштила пред партиските притисоци.

Тој рече дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на шефицата на државата, но во случајот со неговото разрешување отсуствувале законската оправданост и мерит-системот, за кој, како што вели, Силјановска-Давкова постојано зборувала во јавноста.

„Особено сум разочаран од постапката и начинот кој го избра при моето разрешување, не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот,“ истакна Муслиу.

И. И.

Слични содржини