59
Русија мора да започне производство на ракети со среден и мал дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативна средба со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година соопштивме дека нема да произведуваме такви ракети и дека нема да ги распоредуваме додека САД не ги распоредат тие системи во некој регион во светот“, потсети Путин.
Денес, според него, е познато дека САД не само што ги произведуваат тие системи, туку ги пренесуваат и во Европа – на воени вежби во Данска.