Ѓоковиќ: Одлично е да се игра без болка, тоа беа тешки три недели

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Многумина фанови на „белиот спорт“ останаа загрижени откако Новак Ѓоковиќ заработи повреда на коленото на Ролан Гарос, поради што порано го заврши натпреварувањето. Српскиот тенисер потоа мораше да оди на операција, по што неговото појавување на Вимблдон и Олимписките игри „висеше во воздух“, но ако се суди по егзибицискиот меч со Данил Медведев, Новак се чини дека е подготвен за Гренд слем турнирот на трева.

Долго време се поставуваше прашање како неговото колено ќе го издржи постојаното движење на таа подлога и потенцијалните натпревари од пет сета. Посебно со оглед на годините на Новак, но, барем засега, првите проценки се добри.

Според Ѓоковиќ, коленото сега е добро и немал болки на егзибицискиот меч со Медведев, кој заврши со победа на српскиот тенисер 6:3, 6:2.

„Можам да кажам дека играњето тенис без болка е всушност најдоброто чувство. Не чувствував болка и среќен сум. Ова беше одличен тест за мене, против еден од најдобрите во светот. Одиграв неколку тренинг сетови, но сега решив да се тестирам, беше многу тешко три недели по операцијата“, изјави тој.

Ѓоковиќ изјави и дека за операцијата разговарал со Тејлор Фриц, но и со Златан Ибрахимовиќ кој поминал низ истото.

„Јас го прашав Тејлор Фриц, но прашав и многу други. Вавринка, Линдзи Вон, Златан Ибрахимовиќ, сите беа доволно љубезни да ги споделат своите искуства со нив и да ми дадат контакти со луѓе кои ќе ми помогнат“.

Натпреварувањето на Вимблдон ќе трае од 1 до 14 јули, а прв ривал на српскиот тенисер во Лондон ќе биде чешкиот квалификант Вит Коприва.

Слични содржини