Селекторот на Данска: Не може ВАР да се користи за офсајд од еден сантиметар!

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Селекторот на Данска, Каспер Хулманд, беше разочаран по поразот од Германија со 2:0 во осминафиналето на ЕП 2024. Тој смета дека неговата екипа е оштетена поради две судиски одлуки – поништен гол на Јоаким Андерсен и досуден пенал за домаќините по играње со рака.

„Прво сакам да и честитам на Германија за победата. Бевме под сериозен притисок, на моменти само опстојувавме на теренот. Но, потоа го израмнивме натпреварот и мислам дека играта беше решена од две судиски одлуки. Останувам на моето мислење. Еден сантиметар, но тоа е смешно, ВАР не може да се користи за такви работи“, рече Хулманд.

Селекторот ја коментираше и ситуацијата со пеналот на Јоаким Андерсен: „Уморен сум од овие правила за игра со рака. Не разбирам зошто сакаат дефанзивците да трчаат со раце зад грб. Ова се случува токму сега. Јоаким е во апсолутно нормална позиција, а топката му е шутирана од метар. Не сакам да коментирам за правилата, можеби и ќе загубивме, но не можам да не се лутам за овие работи Мислам дека фудбалот треба да се случува на тој начин“.

„Генерално сум поборник за ВАР, но кога станува збор за јасни и очигледни грешки. Во мојот свет, необјасниво е како ќе донесувате одлуки за еден сантиметар разлика. Мора да откриете соодветен начин да го користите овој систем “, заклучи Хулманд.

Слични содржини