61
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше изборот на Венко Филипче за нов лидер на СДСМ. Вели дека тоа е работа на СДСМ и не сака да се мешаат и „не сакаме да им го правиме тоа што не сакаме нас да ни го прават“.
-На господинот Филипче му посакувам успешна работа и да бидат конструктивна опозиција во интерес на државата. Јас во моето експозе до Собранието, кажав дека секогаш кога се работи за интересите на македонија, подавам рака и така ќе биде во иднина. Членството на СДСМ одлучило така. Таа одлука треба да ја почитуваме бидејќи не сакаме да се мешаме и немаме право да се мешаме во внатрешните работи на партијата, кажа Мицкоски по поставувањето на камен-темелник на нова градинка во Бутел.