753
Група на албански планинари викендов го тргнале македонското знаме од врвот на планината Кораб и поставиле албанско знаме.
„Кораб е на Албанија и нема место за македонското знаме“, напишал извесен Изет Шулку на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео.
На врвот Голем Кораб, кој припаѓа на Националниот парк Маврово, стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји – Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искинал и ја фрлил.
Се очекува официјална реакција од македонските власти.