Петровска: Не смее да се одбира претседател на СДСМ само со околу 9.000 гласови

од Milan1
448 прегледи

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска ја оспори победата на Венко Филипче поради мал број на регистрирани гласачи во однос на вкупното членство што го има СДСМ. Според неа гласањето морало да има минимален цензус.

„Во 2019 имаше реевиденција со 83.000 членови. Последен пат официјално беше направена реевиденција. Тоа раководството сметало дека не е приоритет дали навистина се 83.000, или само 23.000 колку што се пријавиле како регистрирани, а излегле да гласаат само 12.000“, вели Петровска во емисијата „Аргумент Плус“ на ТВ24.

Петровска вели дека гласањето морало да биде со некој минимален цензус.

– Не смее да се одбира претседател на СДСМ само со околу 9.000 гласови колку што му беа доволни на Филипче за победа. Треба да има цензус со долна граница. Претседател со 10.000 гласа не е претседател. Цензусот треба да биде барем 30 отсто од вкупните членови, истакна Петровска

За гласање на внатрепартиските избори на 30 јуни се пријавија околу 23.000 членови на СДСМ, но околу 10.000 од нив не излегоа да гласаат.

Според податоците од партиската Централна изборна комисија на 95 отсто обработени гласови, Филипче беше избран за нов лидер со нешто повеќе од 9.000 гласа, Деспотовски доби 2.705, а Александар Бајдевски 905 гласа. Славјанка Петровска, иако непосредно пред изборите рече дека се повлекува од трката, доби 190 гласа.

Слични содржини