Вучиќ со заменикот на Лавров: И благодарам на Русија за поддршката во ОН во однос на резолуцијата за Сребреница

од Илинка Илиоска
55 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко и посочи дека во оваа прилика уште еднаш и  изразува  благодарност на  Русија за поддршката што Москва и ја дала на Србија во однос на резолуцијата за Сребреница во ОН.

Изразив и посебна благодарност за поддршката за територијалниот интегритет на Србија во согласност со Повелбата на ОН“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Српскиот претседател истакна дека имал добар разговор со Грушко и дека ги разгледале севкупните билатерални односи меѓу Србија и Русија и ги оцениле како многу добри.

Грушко вчера имаше разговори со вицепремиерот и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вулин, при што беше констатирано дека соработката меѓу Белград и Москва се заснова на пријателство и е на исклучително ниво во сите области.

Слични содржини